ОПШТИ УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Добродојдовте на веб страницата на www.fitguru.mk. Со користење на оваа страница, Вие – ‘крајните корисници’ се согласувате со условите и правилата за користење на истата. Пред да направите нарачка преку нашата страница, ве замолуваме внимателно да ги прочитате овие услови и правила. Доколку не се согласувате со наведените услови и правила во целост, ве замолуваме да се воздржите од користење на нашата веб страна. Во случај да имате дополнители прашања, контактирајте нè на info@fitguru.mk.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ПРИ ЗЛОУПОТРЕБА: Доколку се решите да направите нарачка на нашата веб страна, www.fitguru.mk,се обврзувате истата уредно да ја примите на локацијата која ќе ја наведете. При злоупотреба на нашиот сервис, нашата компанија има целосно право да покрене законска постапка против вас за да ја надомести штетата која е резултат од злоупотребата направена од Ваша страна.
ИМАТЕ ПРАВО НАРАЧКАТА ДА ЈА ОДБИЕТЕ во случаите кога:
- Храната што сте ја нарачале преку веб страницата на FitGuru нема задоволителна температура, по вина на нашиот тим
- ДОКОЛКУ НЕШТО ОД НАРАЧКАТА НЕДОСТАСУВА: Вие, како наши корисници, располагате со право да побарате она што недостасува во Вашата нарачка да биде донесено на Вашата адреса најбрзо што може без дополнителен трошок.
ОПШТО
FitGuru.mk, вебсајт управуван од Друштво за трговија и услуги ФУД ГУРУ ДОО Скопје (“ние“, “нас“, “ФУД ГУРУ“, или “Fit Guru”), нуди интерактивна онлајн услуга која се состои од содржини и информативни услуги овозможени од угостителските објекти (“Партнер Ресторани“). Основана и регистрирана во Република Северна Македонија со седиште на бул. Осми Септември бр. 8 бр.42, Скопје, нашата компанија има број на регистрација 7410530 и даночен број 4080020587936.
ПРИСТАП И УПОТРЕБА НА ВЕБ-САЈТОТ
FitGuru има целосно право да одбие пристап на сајтот/профилот или да одбие давање на услуга преку веб-сајтот на било кое лице, во било кое време, поради било која причина. Иако Интернетот често е безбедно место, крајниот корисник признава дека понекогаш одредени информации може да се случи да бидат изгубени додека се врши пренесувањето на истите преку Интернет, во случај на настани кои се надвор од контрола на ФИТ ГУРУ. Како компанија, Ние, исто така располагаме со право да го оневозможиме веб-сајтот за пристап поради било каква причина и во секое време да го прекинеме или промениме било кој аспект или фукнција на нашата платформа.
Како предуслов за употреба на веб-сајтот, Вие, нашите ‘крајни корисници’ се согласувате дека: имате најмалку 18 години; нема да се обидете да извадите било какви информации од нашиот сајт; сте во можност да направите правна обврска; Вашето користење на сајтот ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба во секое време; ќе оставате точни информации за Вас секаде каде на самата веб страница е предвидено да оставите Ваши лични податоци; по потреба, ќе ги менувате Вашите лични информации за да се осигурате дека се точни во било кое време; и ќе правите легитимни нарачки и истите уредно ќе ги плаќате. За Вашата лозинка и нејзиното чување, единствено сте одговорни Вие.
НАРАЧКИ ПРЕКУ НАШИОТ СЕРВИС
Секој пат кога ќе се одлучите да направите нарачка преку www.fitguru.mk, ќе ви пристигне емаил што потврди дека Вашата нарачка е направена. Затоа, ве замолуваме да оставите точна емаил адреса која редовно ја користите за да можеме да бидеме во постојана комуникација со вас во врска со Вашата нарачка. За Вашата нарачка да биде доставена до точната адреса, осигурајте се дека во профилот имате внесено точна адреса и телефонски број. Доколку се појави било каков проблем со нарачаниот оброк, нашиот тим, бидејќи има за цел да обезбеди квалитетни услуги, веднаш ќе ве исконтактира.
Во случај да имате било каков коментар во врска со храната, ве замолуваме да нè информирате преку емаилот info@fitguru.mk.
ОБРОЦИ
Сите оброци кои можете да ги најдете на нашиот веб-сајт се предмет на достапност. За секој оброк кој не можеме да ви го обезбедиме, ве осигуруваме дека ќе бидете снабдени со алтернативна опција.
Важно е пред да направите нарачка, во коментар да наведете доколку сте алергични на одредена храна. fitguru.mk не може да гарантира дека оброците кои се понудени на нашиот сајт се ослободени од алергени, па затоа ве замолуваме да не заборавите да ги напоменете Вашите алергии, во случај кога постојат, за да не настане било каква штета.
ИСПОРАКА НА НАРАЧКИ
Суштината на нашата компанија е обезбедување најдобра и најквалитетна услуга за испорака на храна. На нашата работа влијаат многу фактори кои, за жал, некогаш не попречуваат истата да биде завршена по планираното. Временски услови, застој на сообраќај, и разни блокирања на улици, многу често, имаат потенцијал да не спречат во постигнувањето на нашите цели. Но, и покрај постоењето на негативни фактори, ние ви ветуваме дека секогаш ќе правиме сè што е во наша моќ за Вашиот оброк да биде предаден во времето кое е наведено на нашата веб-страна и во емаилот пратен за потврдување на нарачката.
Времето предвидено за испорака, Ние го утврдиуваме според околностите со кои нашите доставувачи и ресторани се соочуваат во тоа време како и бројот на нарачки направени во тој даден момент.
ЦЕНА И ПЛАЌАЊЕ НА НАРАЧКИ
Цените на поединечните пакети се наведени на нашиот веб-сајт. Цените се прикажани на самите пакети и варираат зависно од видот на менито. Цените, исто така, се подложни на промени во секое време, но промените во цените нема да влијаат доколку веќе имате емаил потврда дека вашата нарачка е направена. Во случај на грешка во цените, нашиот тим ќе ве извести за можните промени и доколку новонаведената цена не ви одговара, ќе ви биде дадена можност да ја откажете нарачката.
Како корисници, Вие можете да одберете дали за нарачката ќе платите во готово при достава или онлајн со кредитна/дебитна картичка. За плаќањето да биде извршено онлајн, потребно е да внесете податоци за вашата картичка.
ДОЦНЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТОТ
Бидејќи нашата услуга е целосно зависна од Интернетот и електронските комуникации, нашата веб страна, софтвер, и услуга може да бидат предмет на одложувања, ограничувања и други проблеми поврзани со Интернетот. За неуспеси во испораката, одложувања, или друга економска штета што произлегува од проблеми поврзани со Интернетот и електронските комуникации, ФИТ ГУРУ не сносува никаква одговорност.
ПРЕКИНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА
ФИТ ГУРУ, со своето дискреционо право, може да го модифицира својот софтвер или услуга, истите да ги прекине или пак да го суспендира, измени, или прекине Вашиот пристап до софтверот и услугите од било која причина, со или без известување и без одговорност кон вас или било која трета страна.
Покрај прекинувањето или суспендирањето на пристапот до софтверот или услугата, нашата компанија го задржува правото да превземе соодветни законски мерки, вклучувајќи извршување на судски, кривичен, или граѓански надомест без ограничување.
Дури и откако ќе биде прекинато вашето право да го користите нашиот софтвер или услуга, овој Договор ќе остане спроведен против вас.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
ФИТ ГУРУ, нашите соработници и нивните вработени, доставувачи, агенти, провајдери на содржина и даватели на услуги, во ниеден случај не се одговорни за било какви случајни, посредни, последователни, казнени, или специјални штети кои произлегуваат или се поврзани со: содржината на веб-сајтот; вашето користење на сајтот; понудите од партнер- рестораните; отстранување или промена на содржина која е поставена на веб-сајтот; и Ваша неможност да го користите сајтот.
НАСТАНИ НАДВОР ОД НАША КОНТРОЛА
За доцнење и неизвршување на своите обврски во случај кога постојат причини кои се надвор од контрола на нашата компанија, ние нема да се сметаме за одговорни. Настани надвор од наша контрола се: инвазија, штрајкови, терористички напад или закана од терористички напад, пожар, експлозија, војна (дали е прогласена ии не), или закана или подготовка за војна, експлозија, поплава, земјотрес, невреме, епидемија, или друга природна катастрофа; сообраќаен метеж, сообраќајни несреќи, неможност за користење на јавен или приватен транспорт, неможност за користење на јавни или приватни телекомуникациски мрежи; декретите, актите, регулативите, законите, и слично.
ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ НА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ-САЈТОТ
fitguru.mk го задржува правото да го измени или прекине било кој аспект од Условите на Користење и/или од Политиката на приватност во било кое време, како што смета дека е пожелно или неопходно. Од вас очекуваме од време на време да ја посетувате оваа страница и да обрнете внимание на направените промени со цел да не настанат недоразбирања. Секое користење на веб-сајтот на Фуд Гуру ор страна на крајниот корисник ќе се смета како форма на прифаќање на измените кои се направени на сајтот.
АВТОРСКИ ПРАВА И ТРГОВСКА МАРКА / ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Целокупната содржина која се наоѓа на веб-сајтот на ФИТ ГУРУ, www.fitguru.mk, што содржи авторски права, заштитен материјал, трговска марка како и други сопственички информации кои ги вклучуваат но не се ограничени на фотографии, графика, звук, музика, текст, софтвер, и видео е во ексклузивна сопственост на ФУД ГУРУ ДОО. Нашата компанија целосно го задржува авторското право над селекцијата, модификацијата, и координацијата на содржината која ја поседува. За фотографиите кои се сликани за целите на понудите кои можат да се најдат на www.fitguru.mk, ФИТ ГУРУ има сопственост и авторско право.
СЕКОЕ КОПИРАЊЕ,ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВОЈ САЈТ ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ, ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД ФУД ГУРУ ДОО Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО.
Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и / или кривични казни.
Крајниот корисник не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на овој сајт, било каков материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. ФИТ ГУРУ не сноси товар или одговорност, за да му даде на крајниот корисник индикации за да тој да научи дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка.
Со поставувањето на материјал на било која јавна површина на овој сајт, крајниот корисник гарантира дека сопственикот на тој материјал експлицитно му дал не-ексклузивно право и дозвола за употреба, репродукција, прилагодување, право за објавувње, превод и дистрибуција на таквиот материјал на ФИТГУРУ. Крајниот корисник, исто така, дозволува пристап до тој материјал од било кој друг краен корисник, репродукција и чување од страна на тој корисник за лична употреба.
Крајниот корисник тука се согласува дека дава право на било кој друг краен корисник да го копира, модифицира, одјавува и дистрибуира било кој материјал поставен на овој сајт од страна на крајниот корисник.
ПОЛИТИКА НА АВТОРСКО ПРАВО
ФИТ ГУРУ го задржува правото да го раскине договорот со било кој краен корисник, кој постојано ги крши авторските права на трети лица, врз основа на претходно навремено известување до ФИТ ГУРУ од страна на сопственикот на авторските права или правни агенти на авторските права на сопственикот.
Без ограничување на горенаведеното, ако сметате дека заштитен материјал бил копиран или објавен на овој сајт на начин на кој ги прекршува правата на сопственост, би требало да го известите фит ГУРУ, со испраќање на следните информации: а) електронски или физички потпис на лицето овластено да дејствува во име на сопственикот на авторските права; (б) идентификација и локација на веб-сајтот кој ја содржи заштитената содржина, која вие трвдите дека е злоупотребена; (в) писмена изјава од вас дека имате добра волја и верување дека користењето на материјалот не е одобрено од страна на сопственикот, неговиот агент, или законот; (г) вашето име и контакт информации, како телефонски број или e-mail адреса и (д) изјава од вас дека горенаведените информации кои сте ги дале Вашиот коментар се прецизни и точни, и тврдење дека сте сопственикот на авторските права или овластени да дејствувате во име на сопственикот на авторските права.
ТРГОВСКА МАРКА
Фит ГУРУ е заштитена трговска марка на ФУД ГУРУ ДОО. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на фит ГУРУ се сопственост на нивните правните и физичките лица кои се водат како нивни сопственици.
ЛИЦЕНЦИРАЊЕ
Преку објавувањето на содржини на овој сајт, крајниот корисник се смета дека му дава бесплатно, трајно, неотповикливо, не-ексклузивно право на ФИТ ГУРУ да ги користи, репродуцира, модифицира, објавува, менува, преведува, дистрибуира и прикажува тие содржини самостојно или како дел од други содржини преку било која форма на медиум или технологија, без разлика дали е непозната моментално или подоцна развиена и без територијални или временски ограничувања.
ИЗЈАВА ЗА ГАРАНЦИЈА
КРАЈНИОТ КОРИСНИК ЕКСПЛИЦИТНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВОЈ САЈТ Е ПОД НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ ФУД ГУРУ ДОО, НЕГОВИТЕ ВРАБОТЕНИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, УПРАВИТЕЛИ, ВРАБОТЕНИ ИЛИ АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ВО КОРИСТЕЊЕТО НА САЈТОТ ЌЕ БИДАТ БЕЗГРЕШНИ ИЛИ БЕЗ НИКАКОВ
ПРЕКИН; НИТУ ПАК ГАРАНТИРААТ ЗА (I) РЕЗУЛТАТИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД УПОТРЕБА НА ОВОЈ САЈТ, ИЛИ БИЛО КОЈА МИКРОСТРАНА, ИЛИ ЗА (II) ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА БИЛО КОЈА ИНФОРМАЦИЈА И УСЛУГА ОБЕЗБЕДЕНИ ПРЕКУ ОВОЈ САЈТ ИЛИ НА НЕГОВИТЕ МИКРОСТРАНИ.
ОВОЈ САЈТ И НЕГОВИТЕ МИКРОСТРАНИ СЕ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БАЗА “КАКО ШТО СЕ” И “КОГА СЕ ДОСТАПНИ”. ФУД ГУРУ ДОО СЕ ОГРАДУВА ОД БИЛО КАКВА ОДГОВОРНОСТ И УСЛОВИ, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ НАЛОЖЕНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ И ОГРАНИЧЕНИ НА, ОНИЕ КОЈ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРЕКРШОЦИ, ТРГУВАЊЕ ИЛИ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА.
НАДГЛЕДУВАЊЕ
ФИТ ГУРУ има право, но не и обрвска да ја следи содржината поставена на веб-сајтот во било кое време, вклучувајќи ги и сите виртуелни простории за комуникација кои постојат и кои може да бидат додадени на страната во иднина. Без ограничување на горенаведеното, ФИТ ГУРУ, има право но не и обврска, да ја острани содржината која се смета дека ги нарушува изнесените одредби.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТИ
Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата ФУД ГУРУ ДОО Скопје, нејзините одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.
ЗАКОН И НАДЛЕЖНОСТ
Правните спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на овој веб сајт или користење на нашите услуги ( освен ако со посебен договор е експлицитно наведено поинаку) се под надлежност на судот во Скопје и се решаваат во согласност со законите и прописите на Република Северна Македонија.
Со почит,
Тимот на ФУД ГУРУ ДОО