• info@fitguru.mk
FitGuru подготовка оброци

Фит гуру е првата и единствена платформа за испорака на здрави оброци во земјата. Нашите вкусни оброци подготвени од врвните готвачи се секогаш свежи и зготвени со најдобрите и најквалитетните состојки. На www.fitguru.mk може да најдете четири практични менија: Протеинско, Кето, Веганско, и Ротација на јаглехидрати. Избери го Фит гуру за здрава исхрана, доставена до твојот праг. Од сите аспекти на животот, успехот обично се сведува на правење паметни избори.

Користењето услуга за испорака на оброци е еден од најпаметните избори што може да ги направи еден зафатен професионалец. Оставајќи го готвењето на некој друг, заштедуваш време и го подобруваш твоето здравје. Во оваа статија, ќе објасниме како функционира испораката на оброци и ќе разгледаме некои од клучните придобивки од нашите менија. Прочитај за да дознаеш како испораката на оброци може да придонесе за поефикасен и попродуктивен живот.

Создадовме платформа која ни е потребна на нас. Не само што сакаме да се храниме здраво, туку и сакаме тоа што го јадеме да биде екстра вкусно. Сите вежбаме и работиме на многу фронтови и екстремно тешко е да се балансира работата со здрава храна. Знаеме дека има многу луѓе со ист проблем како нас и затоа го создадовме FitGuru!

Андреј Евтимов, ко-основач на FitGuru 

Како функционира FitGuru? 

Доставувањето оброци функционира на многу едноставен начин. По одбраното мени и времетраење, оброците секој работен ден се доставуваат до посакуваната локација. Плаќањето се врши исклучиво онлајн преку нашиот вебсајт, а доставата не се наплаќа. Еве неколку начини на кои услугите за испорака на здрави оброци можат да помогнат за подобрување на начинот на живот:

#1: Ти дава повеќе време за исполнувањето на твоите цели

Дали знаете дека една просечен човек поминува 17 дена во годината или три години од животот во готвење, ако менито го чинат просечни оброци кои не се тешки за подготовка. Потребни се 22. минути за да се подготви појадок со кафе или чај, а ручекот и вечерата во просек се подготвуваат подолго – 49. минути, но и побрзо се јадат. Тука не го пресметуваме времето поминато во пазарење, кое знае да биде три пати поголемо од времето за готвење.

Фитгуру ти овозможува да ги вратиш тие часови назад. Ти овозможува поголемиот дел од времето да го посветиш на активности кои можат да ти помогнат да ги оствариш твоите цели.

#2: Го олеснува следењето на калориите и нутритивните вредности

Многумина од нас се заинтересирани да се хранат поздраво. Редовното следење на макронутриентите и внесот на калории може да ти помогне да се осигураш дека твоите оброци ги поддржуваат твоите цели. Ова е корисно, без разлика дали сакаш да намалиш на тежина или да изградиш мускули. 

На нашите пакувања има нутритивна декларација, односно табела која те информира за бројот на калориите и нутритивните вредности кои ги внесувате со секој оброк. Оваа нутритивна декларација го прави лесно следењето на калориите и макронутритивите поврзани со оброците. Следствено, може да ти помогне во процесот на губење тежина или на градење мускули.

 

#3: Овозможува контрола врз јадењето

Јадењето големи порции на едно седење е замка што е вообичаена за оние кои готват дома. Конзумирањето големи порции може да направи да се чувствуваш подуено. Како резултат на тоа, ова може да те направи помалку продуктивен во часовите по оброкот.

Со нашата услуга за испорака на оброци, храната што ја консумираш е веќе соодветно измерена. Овој тип на вградена контрола на порциите помага да бидеш сигурен дека ја консумираш храната во количини што ја поддржуваат твојата севкупна продуктивност.

 

#4: Лесно приспособување на плановите за исхрана

Ако си решил да следиш одреден план за исхрана, подготовката на оброците може да биде сложена. Прво, ќе треба да одвоиш време за да си го направиш планот за исхрана. Потоа, ќе треба да пазариш. И трето ќе треба да вложиш многу труд во готвење, а уште повеќе во средување на кујната по готвењето. Како резултат на тоа, сфаќаш дека вложуваш многу време и напор во процесот, а сето тоа можеш да го избегнеш само со неколку клика.

Со нашата платформа, можеш да избереш план со оброци што ги исполнува сите барања на твојата посакувана цел. Составивме неколку типа на здрави менија, а ти само треба да го избереш тоа што најмногу ти одоговара. 

ФитГуру има потенцијал да го подобри твоето здравје и да ги намали обврските во денот. Истражи ги твоите опции, погледни ги четирите планови за здрава исхрана на нашата платформа.

Share

Post comment

Go top